ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 11:17 AM

Повредените мигранти со тешки повреди и одбиваат да комуницираат

Дванеесетте мигранти , кои со повреди завршија во сообраќајната несреќа кај радовишко Бучим се наоѓаат на лекување во Клиничката болница во Штип.

Деветмина од нив се со тешки телесни повреди, главно скршеници по телото, додека тројца се со телесни повреди. Сите се згрижени на одделенијата за Хирургија и Ортопедија и се стабилизирани, потврди директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеоргијев.

Мигранитите, кои илегално биле транспортитрани преку територијата на Македонија, одбиваат да комуницираат со лекарите, додека не дојдат преведувачите. Во текот на денот е најавено доаѓањето на двајца преведувачи од Меѓунродната организација за мигранти (ИОМ). Повредените се без документи, па останува само на претпоставка дека се бегалци од Бангладеш и Шри Ланка.

Од претпладнето е побарано обезбедување од страна на полицијата. Како што веќе информиравме, двајца мигранти починаа на лице место, за 17 се повредени, откако товарно возило Ивеко, во кое биле превезувани, удрило во мост кај месноста Бучинска раскрсница, на патот Радовиш – Штип. Возачот успеал да побегне.

Претпоставка е дека бројот на мигранти бил поголем, но тие што можеле да се движат веројатно избегале.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1