ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/22/20 2:14 PM

(видео) Мијалков потврдува, Груби демантира – кога се случила средбата во Мериот?

По објавувањето на фотографијата од хотелот Мериот во Скопје, на која се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и Артан Груби од ДУИ, предлог за вицепремиер во новата, средбата веднаш беше поврзана со иницијативата за смена на Христијан Мицкоски и прес конференцијата на дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ.

Артан Груби беше пресретнат од камерата на news33.tv, и на објавеното видео на прашања на новинарот, демантира дека се видел со Сашо Мијалков во Мериот, туку имал средба со сопартиецот Фатмир Дехари.

Од друга страна, Сашо Мијалков за Фокус потврди дека се сретнал со Груби, но не вчера, туку дека сниматата е стара.

„Фотографијата со господинот Мијалков и господинот Груби е стара, од пред неколку години и нема врска со актуелните случувања. Истата фотографија кружеше по социјалните медиуми и пред две години. Значи, се работи за класичен спин“, се вели во изјавата.

Дали навистина се работи за медиумски спин? На фотографијата Артан Груби е во сако, вратоврска и бела кошула, додека на видеото снимено на излегување од хотелот, тој е во бела кошула со подвиткани ракави. Во рацете нема сако.

Извори за „Лајм“ потврдуваат дека сепак средбата се случила вчера.

„Груби ги соблече вратоврската и палтото и ги остави во хотелот. Се виде дека тој ја носи истата облека. Верувам дека Груби-Мијалков претходно имаше состаноци, но објавената фотографија беше од вчерашната средба “, велат избори за „Лајм“.

Меѓутоа, медиумот тврди дека оваа средба била во смирувачка мисија на страстите во ДУИ и поделбите меѓу ограноците што настанаа со соопштувањето на имињата на Груби и Османи на високи функции. 

„Според нив, она што Али Ахмети не успеа да го направи, Мијалков сега успешно го прави, обединувајќи ги бунтовните крилја во ДУИ, што е добра вест за засегнатите членови и симпатизери на оваа партија.Истите извори велат дека „вчерашната средба Груби-Мијалков“ била во оваа функција. „Мијалков е почитувана фигура во ДУИ.  Ако не го даде поддршка, тогаш ќе биде префрлен на друга позиција “, потенцираат овие извори, според кои е сосема точно дека Груби вчера се сретнал со Мијалков – пишува „Лајм“.

Дел од функционерите на ВМРО ДПМНЕ во изминатите два дена, иницијаторите за партиски конгрес и оставка на Мицкоски го поврзаа со делувањето на Сашо Мијалков и неговата наводна поврзаност со Зоран Заеви  неговиот брат Вице.

 

видео: news33.tv


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1