ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 9:57 AM

Осумнаесетгодишна девојка од Кавадарци тешко повредена во сообраќајна незгода

Осумнаесетгодишна девојка од Кавадарци е повредена синоќа при сообраќајна незгода кога возач губи контрола и со моторцикл удира во неа. Со тешки телесни повреди Е.К прво е однесена во Кавадаречката болница каде и’ е укажана лекарска помош, а потоа е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– На ден 25.06.2018 год. околу 22.30 час. на  ул. „Шишка“  во Кавадарци случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистарски броеви управувано од Д.Д.(30) од Кавадарци, моторцикл  марка „Хонда ЦБР 900“ со кавадаречки регистарски броеви  управувано од С.Л.(21) од с.Марена – кавадаречко и пешак – седумнаесетгодишен малолетник од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој е пренесен  во Клинички центар во Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот на моторциклот. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци

Дознаваме дека до незгодата дошло кога морциклистот кој се движел, најверојатно со неприлагодена брзина спрема условите на патот, изгубил контрола и паднал при што моторциклот удрил во пешакот и потоа се лизга по патот и удира во возилото фолксваген голф кое се движело од спротивната страна на улицата.

Додевски информираше и дека вчера попладне околу 18 ч на регионалниот пат Извор-Велес,  пред крстосницата за с.Војница, Чашка, се случила сообраќајна незгода  каде патнички автомобил марка “Форд Галакси“ со велешки регистарски броеви управувано од 22 годишниот З.А од с.Г.Јаболчиште излегол надвор од коловозот и удрил во земјен брег од десната страна на патот. По незгодата со две возила на Велешката итна помош возачот и четворицата сопатници се пренесени во Општата Болница, каде при лекарски преглед се констатирани тешки телесни повреди кај 47 годишниот И.А од с.Г.Јаболчиште кој е упатен на понатамошно лекување  во Ургентниот Центар  во Скопје,  додека останатите  со лесни телесни повреди се упатени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.

 

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1