ММС

Тоа беше извонреден подарок од кралот, вели љубовницата на Хуан Карлос за добиените 65 милиони евра

Поранешната љубовница на Хуан Карлос, шпанскиот крал кој абдицира, па избега во егзил, ја опиша неговата одлука да и’ префрли на сметка 65 милиони евра како „огромно дарежлив подарок“, отфрлајќи ги тврдењата за перење пари.

Корина Зу Саин-Витгенштајн (55) изјавила за ББС дека 82-годишниот крал и’ дал пари како признание за тоа колку му значела и од благодарност што била со него во текот на неговите апсолутно најтешки моменти.

Швајцарскиот суд трансферот, кој се случи во 2012 година, го стави под истрага за наводно перење пари. Хуан Карлос не зборуваше јавно за трансферот, но „Телеграф“ виде документ од истрагата во Женева во кој, исто така, тврди дека тоа е подарок што тој немал намера да го врати назад.

Во своето интервју за ББС, Витгенштајн изјавила дека во 2014 година Хуан Карлос сепак побарал таа да ја врати сумата, а откако таа одбила да ја продолжи врската, за која рече дека престанала да биде романтична во 2009 година.

Швајцарскиот обвинител Ив Бертоса ја започна својата истрага во летото 2018 година по објавувањето во шпанските медиуми на ленти во кои г-ѓа Витгештајн опишува како поранешниот крал имал имот регистриран под нејзина сопственост, пред подоцна да побара од неа да му го предаде .

Хуан Карлос , кој абдицираше во 2014 година, ја напушти Шпанија претходниот месец и сега  престојува во Абу Даби.

Клучни зборови: 65 милиони, љубовница, подарок, хуан карлос, шпанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.