ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/20/20 5:47 PM

Минатото лето требаше да заврши во Милан, а ова лето е првиот трансфер на повратникот Фулам

Левиот бек на Виган, Антони Робинсон, ќе стане и официјално првото засилување на повратникот во елитата Фулам. Американскиот репрезентативец ќе потпише со тимот на Скот Паркер, а Фулам ќе мора на Виган да му плати отштета од два милиони фунти.

Во летниот трансфер период Робинсон го привлече вниманието и на уште два премиерлигашки тимови, Шефилд и Евертон, но на крајот Фулам е тој што ќе реализира трансферот на младиот Американец.

За Робинсон изминатата година имаше сериозен интерес и од екипи надвор од Англија. Италијански Милан при крајот на летниот трансфер прозорец во 2019 се обиде да го ангажира Робинсон и договорот практично беше постигнат, но челниците на Милан се предомислија во последен момент и Робинсон остана во Чемпионшип.

Поради административните и финансиски проблеми, Виган во моментот мора да продава фудбалери по секоја цена и Робинсон беше првиот од тимот од кој всушност „Латикси“ можеа финансиски да исползуваат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1