ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 8:23 AM

СП 2018: Салах им се извини на навивачите за неуспехот

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах им се извини на навивачите за неуспешните резултати на Светското првенство.

Египќаните го завршија турнирот на последното место во групата А без ниту еден освоен бод.

– Ние би сакале да им се извиниме на сите Египќани кои дојдоа да не поддржат. Знам дека сега им е тешко. Само сакам да кажам дека сме на Светското првенство за првпат по 28 години. Некои играчи немаат доволно искуство. Ќе се вратиме во 2022 година, нагласи Салах.

Египет вчера загуби од Саудиска Арабија со 2:1 и со три порази на исто толку средби го завршија Мундијалот.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1