ММС

Објавено на: 08/20/20 12:31 PM

Џамбо Агушев: “Brasses for the masses” по трет пат прогласен за најдобар

Џамбо Агушев Оркестра уште еднаш постигнаа светски признат успех. Албумот “Brasses for the masses” по трет пат е прогласен за најдобар на светски престижни доделувања.

-Албумот “Brasses for the masses”  е прогласен за најдобар во светот а 2020 година од страна на “German  Record Critics Award”.  Оваа награда е трета по ред за албумот “Brasses for the masses”. Многу сум срекен и горд на тоа сто успеавме јас и мојот оркестар да стигнеме на врвот на топ листите во светот како на магазинот Songlise  и на Transglobal на World music chart. Секако ова не е награда самоз а мене, туку и за Македонија, која ја претсавувам секаде низ целиот свет, вели Џамбо.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.