ММС

Објавено на: 08/20/20 10:39 AM

СТО: Пад на светската трговија во вториот квартал за 18,5 отсто во однос на истиот период лани

Светската трговска органзација (СТО) соопшти дека стоковата трговија во вториот квартал оваа година поради последиците на пандемијата на коронавирусот претрпела значителен пад од 14 отсто во однос на претходниот квартал, а 18,5 отсто во однос на истиот квартал од минатата година.

Од СТО исто така наведоа дека е неизвесно дали ќе дојде до подобрување на трговските трендови во третиот квартал во оваа година.

На годишно ниво се очекува намалување на трговијата за 13 отсто во однос на 2019 година.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1