ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 8:15 AM

ОФМ: Нема да дозволиме некој да си игра со имиџот на репрезентативците

По целиот хаос кој настана со одлуката на МОК да ги врати предвреме македонските одбојкарски репрезентативци од Медитеранските игри во Тарагона, на крајот конечно се огласи и Одбојкарската федерација на Македонија.

Во врска со изјавите од страна на МОК по повод наводното недолично и неспортско однесување на одбојкарската репрезентација на Медитеранските Игри во Трагона, Шпанија.

Нашите репрезентативци во секоја прилика, на и вон теренот го давале максимумот за да достојно ја представат Македонија.

ОФМ нема да дозволи имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со паушални изјави, без никакво покритие за истите.

За сето време на наводниот настан биле присутни и официјални лица од МОК и останати спортисти од делегацијата.

Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани.

Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има официјален извештај за настанот“, стои во соопштението на ОФМ.

Наводно, како што кажаа од МОК, причина за предвремено враќање од Тарагона за одбојкарите е нивното недолично и неодговорно однесување кое го манифестирале во Медитеранското село, додека пак играчите од друга страна истакнаа дека не заслужиле ваков однос и дека треба да се знае вистината.

Се очекува целосно расветлување на овој случај по враќање на делегаицијата во Скопје.

Превземено од:  sportclub.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1