ММС

Објавено на: 08/20/20 5:53 AM

„Баерн“ подобар од „Лион“ и в недела ќе игра финале во ЛШ против ПСЖ

Фудбалерите на минхенски „Баерн“ синоќа во второто полофинале на Лигата на шампионите го совладаа француски „Лион“ со 3-0 (2-0) и в недела во финалето во Лисабон ќе играат со „Пари Сен-Жермен“.

Фаудбалерите на „Лион“ на почетокот од мечот при резултат 0-0 имаа неколку одлични шанси што не ги реализираа. Казната стигна брзо. Германците во 18’ поведоа со 1-0 со одличен шут од работ на шеснаесетникот на Гнабри, кој го постигна и вториот гол за „Баерн“ во 33’. До крајот а мечот Баварците имаа контрола на играта и на резултатот, а третиот гол го постигна Левандовски во 88’.

Пред неделното финале во ЛШ, в петок финален меч во Лига Европа ќе одиграат „Интер“ и „Севиља“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.