ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 7:49 AM

Поранешен затвореник од Тетово стана бездомник

Затвореник од Тетово откако е пуштен на слобода стана бездомник. Тој нема свој дом ниту пак семејство, кое би го згрижило. Преспива по паркови, железнички станици, буквално под ведро небо.Тетовецот Блажевски вели дека подобро му било во затвор, отколку сега на слобода. „Таму барем имав покрив над глава. Сега живеам како куче, немам пари да се прехранам. Поради здравствени проблеми, не можам да работам.“

Блажевски вели дека се обратил до институциите да побара социјална помош, но отттаму му рекле дека не ги исполнува условите, затоа што нема лична карта со ново место на живеење.
Се надева дека институциите што поскоро ќе го згрижат во некој центар за бездомници.
Од Центарот за социјални работи Тетово, велат дека во процедура е згрижувањето на Блажевски во Центарот за бездомници во Чичино село.
Оттаму истакнаа дека треба да поминат уште неколку недели, за да се подготват документите, и конечно Блажевски да биде згрижен.
Во меѓувреме поранешниот затвореник а сега веќе бездомник, вечерва ќе бара ново место да ја помине ноќта под ведро небо.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1