ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/17/20 6:00 PM

Некогашниот освојувач на ЛШ со Челзи потпишува со Стоук

Џон Оби Микел, освојувачот на Лигата на Шампионите со екипата на Челзи, повторно се враќа во англискиот фудбал, овојпат еден ранг подолу.

Нигерискиот играч од средината на теренот ќе потпише за Стоук Сити и ќе се обиде да го врати тимот во Премиер Лигата следната сезона.

Оби Микел позади себе има огромно искуство, поминувајќи 11 години во синиот дрес на екипата од западен Лондон.
-Презадоволни сме што го доведовме Џон во клубот. Неговата кариера зборува за него и за тоа каков калибар е тој, изјави Мајл О’Нил, тренерот на Стоук Сити.

Тој е четвртото засилување за црвено-белите летово, откако Морган Фокс, Џејмс Честер и Стивен Флечер се приклучија на тимот.
-Поминавме четири часа разговарајќи и тој јасно ни даде до знаење дека сака да се врати во Премиер Лигата со Стоук. Навистина бев импресиониран кога првпат се сретнав со него, додаде менаџерот О’Нил.

По краткиот период поминат во Кина, Микел се врати во Мидлзброи во 2019 година, забележувајќи 19 настапи. Потоа направи трансфер во Турција, поточно кај Еди Њутон во Трабзонспорт и контрибуираше во одличната сезона на турската екипа која обезбеди место за Лигата на Шампионите следната сезона.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7