ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/17/20 2:10 PM

За само 15 дена во Штип наврнале 137 литри на м2, максимум за месец август во изминатите 25 години

Не се памети во изминатите години за само 15 дена во месец август да наврне толку дожд, тврди штипјанецот Кирил Маџунаров, кој над 25 години ја следи и ја мери хидролошката сотојба во штипско. Во саботата биле измерени  27 лити на м2, претходните нколку дена 110 литри м2, тоа се вкупно 137 литри, нешто што се нема случено.

„За само половина месец, тоа се максимум врнежи измерени за овие 25 години. Има податоци за месец август за просек на врнежи од 36 литри на м2. Минатата година, во месец август наврнале само 5 литри на м2,“додава Маџунаров.

Во овие изминати години колку што води евиденција и врши мерења, Маџунаров вели дека најмногу дожд има наврнато во месец април 2015 година , 163 литри и 153 литри на м2 во фебруари 2013 кога беа поплавите.

Она што е карактеристично  е тоа што и покрај овое обилни дождови, не е покачено нивото на реката Брегалница, само 10 сантиматри од вчера до денес, од 70 на 80 сантиметри, што според Маџунаров значи дека врнежите се карактеристични само за овој штипскиот крај.

Во овие седум месеци во Штип и штипско наврнале 241 литар на м2 а лани цела година наврнале само 378 литри на м2.

Врнежите во секој случај ќе ја подобрат хидролошката состојба .Според земјоделските стручњаци за некои култури можеби е задоцнете но во секој случај ќе биде корисно, особено за лозјата и секако за претстојната есенска сеидба.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7