ММС

Уапсен свештеник во Грција, барал од верниците да не носат маски

Грчката полиција уапси свештеник, кој ги повикувал верниците да не носат заштитни маски во црквите.

Свештеникот на островот Калимнос објави статус на Фејсбук посветен на празникот Успение на Богородица и апелираше до верниците да не носат маски затоа што, како што рече, тоа ќе ја „вознемири Дева Марија“, пишува „Greekreporter“.

„Нашата мајка сака да ги види нашите лица, таа сака да ја види нашата вера“, напишал свештеникот на Фејсбук.

Неговото име не беше објавено, а тој беше уапсен за ширење лажни вести што го загрозуваат јавното здравје.

По сослушувањето бил пуштен на слобода, а судењето е закажано за 8 октомври.

Многу експерти предупредуваат дека Грција се соочува со втор бран на епидемијата на коронавирус, а во сила се и мерките за одржување физичко растојание во црквите и манастирите.

локално.мк


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.