ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/15/20 8:45 PM

Колку чини да се прехранат 11 деца?

За многу родители, само едно дете е дури и „премногу работа“. И сега замислете дека имате 11 од нив …

Ова е животната приказна на Бритни Черч, 31-годишна жена од Арканзас Сити, Канзас, мајка на11 деца од кои најстарото нема 15 години …

Бритни забременила со своето прво дете како тинејџерка, а досега поминала осум години од животот во бременост. Некои би рекле „премногу“; но нејзината изјава го шокираше светот: Бритни сака повеќе деца, поточно  уште четири!

Бритни никогаш не замислила дека ќе има толку големо семејство, но по првото, потоа второто и трето дете, сфатила дека ужива во мајчинството!  Таа го родила своето прво дете, Кризман (15), во 2004 година, шест дена откако наполнила 16 и пет дена по венчавањето со тогашниот сопруг. Заедно тие имаа уште четири деца (Џордан – 14, Кејлен – 13, Џејс – 12 и Каденс – 10), пред да се разведат во 2010 година.

Две години подоцна, од обична врска, забремени со Дезалин, кој сега има осум години.

Три години живеела живот на самохрана мајка, пред да го запознае нејзиниот сегашен сопруг Крис. Наскоро се родил Сајлас, кој сега има 5 години. Една година подоцна, нивното семејство го зголемило со Кристофер (3), а во јуни 2019 година, Бритни роди тројки – Оливер, Ашера и Абел.

Иако ништо во животот не ја прави толку среќна како нејзините деца, Бритни признава дека грижата за толку големо семејство е скапо. На пример, тие трошат 300 долари неделно само на храна …

Извор: mondo.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1