ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/25/18 10:37 AM

Во сообраќајна незгода на патот Градско Прилеп повредено 18 годишно момче

Доцна синоќа се повредени две момчиња откако со автомобил удриле во заштитна ограда и се превртеле на магистралниот пат Градско Прилеп. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека незгодата се случила ноќеска околу 1.30  на патот кој води кон село Сирково, Кавадарци.

– На ден 25.06.2018 год. во 01.30 часот на магистралниот пат  Градско – Прилеп, кај бензинска пума „Црна река“, се случи сообраќајна незгода во која патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управуван од Љ.Т.(19) од нас.Градско удира во заштитната ограда од бензинскат пумпа и се превртува на патот. Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој е пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци.  Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци, информира Додевски.

Пред точно една недела на овој патен правец се случи сообраќајна несреќа во која камион шлепер со унгарски регистарски таблички излета од патот и се преврте. Возачот помина со полесни повреди. Според информациите камионот се лизнал од дождот. За возачите овој дел од делницата Градско –Прилеп е црна точка со многу сообраќајни незгоди и загубени животи.

„На 14 мај започна изградбата на делницата Градско-Дреново долга 16 км, која е втора од вкупно планираните три фази за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп. Експресниот пат ќе се прави за да се подобрат сообраќајот и безбедноста кога се патува на овој патен правец  и каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи со жртви. Постоечкиот пат е еден од најфрекфентните, но и најнебезбедните патишта во земјава каде постојано се случуваат сообраќајни несреќи со фатални последици“, изјави министерот за транспорт Горан Сугарески на стартот на работите, експресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди што дава сигурност дека безбедноста за сообраќај ќе биде на највисоко ниво.

 

Билјана Тошевски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1