Русија почна со производство на вакцината: Две дози за две години имунитет
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/15/20 11:12 AM

Русија почна со производство на вакцината: Две дози за две години имунитет

Русија денеска започна со производството на вакцината против вирусот Ковид-19, објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Руската Федерација.

Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ е прва што се произведува во светот. Треба да се појави на пазарот кон крајот на месецот. Досега пристигнале барања за околу една милијарда дози од дваесетина земји. Засега, годишниот капацитет бил 500.000 милиони дози. Според најавите, вакцината, која го доби името „Спутник V“, ќе се прима во два наврата – првиот, па по три седмици вториот, а тоа ќе овозможувало имунитет до две години.

Некои научници, сепак, сметаат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, пренесува „Ројтерс“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7