Фудбалерите на „Барселона“ синоќа го доживеаја еден од најтешките порази во долгата историја на клубот. Минхенски „Баерн“ со неверојатен триумф од 8-2 (4-1) ги совлада, ги понижи Каталонците и обезбеди пласман во полуфиналето од завршниот турнир во Лигата на шампиони во Лисабон.
Баварците доминираа во текот на целиот меч, си поигруваа со противникот, му дадоа осум гола, па дури и еден од двата гола на „Барселона“ беше нивен (автогол).
„Баерн“ во полуфиналето силите ќе ги одмери со подобриот од вечерашниот четвртфинален натпревар „Манчестер сити“ – „Лион“. Другата полуфинална двојка е „Лајпциг“ – ПСЖ.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.