ММС

После три месеци во Нов Зеланд, корона вирусот повторно се шири

По три месеци затишје, корона вирусот повторно се шири на Нов Зеланд, соопштиле денеска официјалните лица на оваа земја.

Надлежните пријавиле уште 12 нови случаи на Ковид 19 кои сите биле поврзани со еден ист случај, откриен пред два дена, меѓу членовите на едно семејство во Окланд, пренесува Ројтерс.

Официјалните лица тврдат дека вирусот, кој го предизвикал новиот бран на заразата, пристигнал од странсв и продолжуваат да истражуваат како стигнал до семејството во Окланд.

Премиерката Џасинда Ардерн инсистира инсистира на нејзината тактика за ран и силен одговор на појавата на вирусот, а денес треба да и соопшти на јавноста во Нов Зеланд дали ќе биде продолжена вонредната состојба во Окланд.

Во јавноста се повеќе се зголемува стравот дека ќе биде продолжена вонредната состојба, што може да наштети на домашната економија.

Висок функционер на здравствениот сектор во Нов Зеланд, Ешли Блумфилд, оцени дека индикаторите во врска со новиот фокус во Окланд се охрабрувачки, но тој додаде дека властите имаат информации за инфекции во уште две области, кои допрва треба да бидат истражени.

Министерот за здравство на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, ги отфрли шпекулациите на некои експерти дека вирусот „тивко се шири во Окланд со недели“, велејќи дека има сигурни докази дека претпоставката не е вистина.

Преземено од: https://rs-lat.sputniknews.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.