ММС

Се асфалтира патот Галичник-Маврово, сообраќајот во прекин секој ден од 10 до 16 часот

ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово.

Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.