ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/10/20 11:51 AM

Сто дена без Ковид-19 во Нов Зеланд: Властите, сепак, загрижени – сега речиси никој не носи маска

Нов Зеланд вчера го забележа стотиот ден без домашна трансмисија на коронавирус, ама властите апелираат на внимателност, за и во таа земја да не се случи нешто како во Виетнам и во Австралија, каде што вирусот наводно беше под контрола, додека не почнаа да се јавуваат нови инфекции, пренесува „Ројтерс“.

Жителите на петмилионската пацифичка нација се вратија во нормален живот, но здравствените власти се загрижени зашто речиси никој не носи маска, граѓаните одбиваат тестирања, а некои и ги игнорирале основните хигиенски правила.

Од почетокот на епидемијата, во Нов Зеланд се евидентирани вкупно 1.219 случаи со Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1