ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/24/18 1:19 PM

Возач нападнат по сообраќајка кај патот Штип-Радовиш, му го одзеле и возилото

На локалниот пат с.Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу „Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од селото Брест и „Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

– Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција,  физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото „Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле автомобилот и избегале оставајќи го нивното возило на лице место, наведуваат од МВР.

Одземеното возило „Голф 3“ било пронајдено во близина на село Брест.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на  лицата и расчистување на случајот.
Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1