ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/9/20 2:56 PM

Руски лекар предупредува: Корона вирусот е вежба за биолошка војна

Изјавата на прочуениот руски хирург Леонид Рошал дека моменталната пандемија на Ковид 19 е проверка на системот за здравје во евентуална биолошка војна предизвикана од големото ехо, не само во Русија, туку и во многу други земји.

Рошал истакнал дека светот не е подготвен за борба против Ковид 19, бидејќи никој немал доволно заштитни маски и облека за медицинските лица.

„Мора да бидеме подготвени да реагираме брзо на пандемијата и големата катастрофа како и на терористичките акции. Системот на здравствена заштита мора да биде подготвен за такви ситуации, истакнал неодамна професор Рошал, кој како детстки хирург стакнал слава докажувајќи го своето познавање и умешност по големата катастрофа.

Инаку под биолошко оружје се подразбира користење на вируси, микроорганизми, бактериски токсини со кои би можела да се зарази војската, граѓаните но и животните.

Како и многу други руски научници и Др Рошал вели дека нема доволно докази за одредени тврдења дека овој опасен вирус е направен од страна на човекот во лабораторија.

„Не сум вирусолог и не можам да зборувам за тоа дали вирусот е правен во лабораторија или не е, но едно е неспорно – Ковид 19 за сите нас беше проверка колку сме подготвени за евентуална билошка војна. Ковид 19 не може да го уништи човештвото, но веќе направи голема штета“, објаснува Рошал.

Тој оценува дека епидемијата на корона „ е репетиција на биолошка војна“, помеѓу првите се сложил полковникот на војната медицинска служба Борис Героков.

„Инфекцијата на корона вирусот може да е прототип на новото биолошко оружје. Порано се сметално дека во биолошките војни можело да се применува само посебно смртоносни инфекции. Но по короната  тој пристап за биолошка војна може да се промени“, вели полковникот Герков.

Овој полковник предупредува дека наскоро може да се појави вирус сличен на корона. Истакнува дека и неговата смртност не мора да биде висока, но дека може да зарази голем број луѓе и во голем број може да ги уништи не само воените единици туку и економијата.

Раководителот на прочуениот атомски институт „Курчатова“ во Москва, Михаил Коваљчук, е еден од првите кој се посомнева дека короната е направена во лабораторија како биолошко оружје. Тој правењето на биолошкото оружје го спореди со тоа „како Американците испитувале и правеле атомски бомби пред да ја фрлат на Хирошима и Нагасаки“.

„Сега опасноста од биолошкото оружје е се поголема бидејќи е можно да се направи вештачки вирус кој би бил средствао за масовно убивање. Но тие кои знаат да го создадат тој вештачки вирус мора да бидат свесни дека и други можат да го сторат тоа поради пари“, вели Коваљчук.

Коваљчук избегнувал да споменува било која земја и никој конкретно не обвинил дека тоа го има направено опасното биолошко оружје.

Инаку еден од факторите за брзината на ширењето на вирусот е густината на населеност на некои територии. Во делови на Русија кои се ретко населени короната помалку се ширела, а најмногу заразени имало во Москва и Московската област. Медиумите во Русија доста време биле преплавени со препукувања помеѓу Американците и Кинезите во кои едни со други се обвинувале зошто светот е на колена поради короната. На кинеските социјални мрежи главно се пишувало дека вирусот настанал во американските биолошки лаборатории, додека на другата страна, западните информациски служби ширеле приказни дека кинезите експериментирале со вирусот во своите лаборатории и дека короната им „избегала“.

Оние кои во Кина веруваа дека злото дошло од Америка, објаснувале дека целта била да се зададе моќен удар на кинеската економија, но и да се сруши репутацијата Кина и нејзиното раководење. Освен тоа, може да се слушне и дека наводно Американците сакале да проверат како тој „вештачки вирус“ се однесува па затоа „го донеле токму Кинезите“.

Сето тоа биле интересни приказни за оние кои сакале теории на заговор дека Русите, не толку одман, јавно не ги обвинија Американците дека во Грузија користеле биолошко – хемиска лабораторија за своите тајни експерименти. Се пишувало дека во Грузија починале 73 луѓе после експериментот, па таа лабораторија во руските медиуми се нарекувала „фабрика на смртта“. Да се потстеиме дека во 2008 и 2009 година беше жариште на свинска чума, која одоцна се прошири на Јужна Осетија и Ставрополскиот крај. И сето тоа влијаело во јужните делови на Русија се шири страв дека им се заканува опасност од „биолошка диверзија“ од Грузија.

Преземено од: https://www.novosti.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1