ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/23/18 3:37 PM

Во близина на брегот на Шпанија спасени 418 мигранти

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека во три операции во Средоземно Море спасила 418 мигранти.

Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море.

Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти.

Извор: МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1