ММС

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани под браната Калиманци

Дождот што во текот на вчерашниот ден паѓаше на територијата на општините во пијанечкиот регион повторно предизвика одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Како што јавуваат возачи, поголеми одрони во моментот има во близина на првиот мост под браната Калиманци.

-Одроните се на десниот дел од коловозот од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, веднаш под браната Калиманци. Едната сообраќајна лента е слободна за движење, но треба да се внимава бидејки одроните се на место пред свиок, велат возачи.

Додаваат дека на останатиот дел до Кочани патот е чист освен ситни камчиња во близина на некогашниот голем одрон кај месноста Саваро.

Екипи на подружницата на ЈП „Македонија пат” се запознаени за случајот и најавуваат брзо расчистување на одроните. Долж целиот патен правец асфалтот е сув и возачите возат по суви коловози.

МИА