ММС

Објавено на: 08/8/20 7:03 AM

Куќа во средина на автопат: Бабичката не сакала да се исели

Градот премости автопат околу малата куќа откако нејзината сопственичка цела деценија одбиваше да и’ ја продадае куќата на владата, па сега нејзиното живеалиште се наоѓа во сендвич меѓу двете атопатски ленти.

Госпоѓата Лианг од градот Гунаџхо не сакала да се исели зашто куќата што и’ ја нудела владата за размена била преблизу до мртовечница. Затоа, автопатот морало да се изгради околу нејзината куќа, која поради тоа станува туристичка атракција.

„Не ми пречи што другите мислат за мене. Мислите дека ова опкружување е лошо? Јас се чувствувам пријатно“, вели жената.

На социјалните мрежи брзо се шири снимката од Кина, а некои се шегуваат коментирајќи дека во куќата покрај мртовечницата на жената ќе и’ било потивко.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.