ММС

Објавено на: 08/7/20 7:20 PM

Вилиан се сели во северниот дел на Лондон

Актуелниот фудбалер на Челзи, Вилиан, следната сезона ќе го носи дресот на лондонскиот ривал на „сините“, Арсенал.

Топџиите се единствената екипа којашто е подготвена на 32 годишниот Бразилец да му понуди тригодишен договор, откако Челзи не се реши да продолжи со него, понудувајќи ми само две години продолжување на тековниот.

За потписот на крилниот напаѓач се бореа екипите на Барселона и Интер Мајами, но сепак понудата на Арсенал, како и добриот однос на агентот на Вилиан и клубот од северен Лондон, се покажаа како пресудни во одлуката на поранешниот играч на Шахтјор.

Вилиан ќе игра во Арсенал до 35 година, а Челзи веќе има обезбедено негова замена во името на Хаким Зијеш.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.