ММС

Во светот мртви, ранети, заразени, а ти? Задникот на Гавазова предизвика војна на Фејсбук

„Дали сакате уште фотографии или за денес доста се“, оваа навидум обична реченица на фолк пејачката Сузана Гавазова  предизвика војна на Фејсбук, која ја започна  нејзина „пријателка“. Веднаш по објавувањето на провокативната фотографија, а Сузе секој ден објавува такви, нејзина  „пријателката“ искоментира:

-Баш ни е дојдено до тебе да те гледаме. Во Бејрут експлозија,мртви, ранети. Вирус  ковид, секој ден умираат дечиња, млади, старци, изнемоштени.  Биди хумана, помогни на некој и сликај се. Не е интересно веќе со фотошоп задници, напиша изнервирана  Фејсбук пријателката на Сузе.

На ова Сузе не и остана должна,па и напиша: „Тебе никој ништо не те праша“.

Но, ова што го кажа Сузе не е ништо во споредба со над 340 коментари на армијата нејзини следбеници, повеќето припадници на посилниот пол, кои за неа ги имаат сите пофалби, а жената, која, според нив, е љубоморна на Сузе, рафално ја нападнаа, оправдувајки ја пејачката, дека е презгодна, дека не треба да ја слуша и дека треба да продолжи да става нејзини провокативни фотографии.

„Каква врска има Сузе со Бејрут, мртви, гладни и Ковид-19? Можеш ли некако да објасниш? Или оди срце лечи се на друго место“, „Сузе ти си наша Лопез,  остави ги жениве кои се по 30 години а личат на баби. Вие што јадете бурек ни фотошоп не ви помага, туку ремонт во Тајланд и идете соберете си ги мажите од биртии.“,  „А да направиме еден хуманитарен концерт во Бејрут и во Вухан“, „Бог да чува, за Бејрут, корона и гладни обрати се кај претседателот и министрите и не е хуманост да дадеш и да се сликаш“, „Пиј ладна вода, мозокот ти се исушил“, „Не и завидувај на Сузе и ти соблечи се по бикини, каква и да си“… Ова се само дел од коментарите н армијата обожаватели на пејачката.

Сузе секојдневно своите фанови ги части со нови фотографии од нејзинот презгодно тело, кое со години го средува во теретани во Шведска и во Струмица, а притоа многу пати кажала дека внимава на исхраната.  Но, сепак,  дали коментарот на „обожавателката“ држи вода, ни откри Сузе.

-Не и се лутам, секој има право на свое мислење. Но, за нејзина информација ќе кажам дека јас немам силиконски задник, ниту, пак, сликата има фотошоп, тоа може лесно да се провери. Откако ги родив ќерките, додека бев во Шведска, а и сега во Струмица, јас постојано вежбам, внимавам на исхрана и резултатот се гледа. Поради здравиот начин на живот немам ниту целулит. Се трудам да изгледам добро, не само затоа што еден уметник освен што треба да пее, треба и да изгледа добро, туку и заради здравјето, вели пејачката и додава:

„Искрено се изненадив колку многу обожаватели имам и тоа ме радува. Секако, ние пејачите живееме и работиме за публиката и ако јас со моите песни сум успеала да им допрам до срцата нависнина ме прави среќна. И за нив подготвувам нешто ново, кое ќе излезе на есен. А до тогаш иако нема настапи, сепак, нека ги слушаат досегашните мои хтови, кои кога ке помине ова корона лудило ќ имаме можност да се забавуваме и да ги слушаат во живо. Планирам и музичко шоу со стари македонски песни, но за тоа наскоро ќе откријам“, вели пејачката, која со сопругот и ќерките годинава годишниот одмор го користи во државава, најпрво во Дојран а сега во Охрид.