Дуа Лупа го најави ремикс албумот “Club Future Nostalgia"
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/6/20 2:58 PM

Дуа Лупа го најави ремикс албумот “Club Future Nostalgia”

Дуа Липа објави за ремикс албумот “Club Future Nostalgia”,  кој претставува нов албум кој содржи ремикси од други изведувачи од албумот “Future Nostalgia”. На албумот се  ремикси направени со Мадона, Миси Елиот, нова верзија на Physical  од Гвен Стефани и ремикс од Марк Ронсон.

Пејачката ги соопшти новостите на инстаграм  :

„ Сите песни од ” Future Nostalgia”  преработени од омилените артисти и многу, многу други изненадувања” , напиша Дуа Липа.

Предходно таа објави дека дуетот со Миси Елиот и Мадона ќе биде публициран на 14-ти август.

Најпопуларната тема во 2020 ” Physical” исто така доби ремикс од Марк Ронсон, отпеан од Гвен Стефани.

Во интервју за Rolling Stone Music Now Podcast, Дуа Липа истакна дека била тешка одлука да се соочи со реалноста и дали е време за објавување на албум во време на пандемија.

„ Претпоставувам дека тоа беше моментот за кој бев најмногу збунета. Претставува албум со движечко темпо, кое едноставно ве тера на танцување. Не бев сигурна дали е вистинското време да се публицира во јавност во време на толку многу страдање“ , изјави пејачката.

https://www.instagram.com/p/CDfMM1LsSZz/?utm_source=ig_embed

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7