ММС

Носиме маски, Андреј и Јована се грижат за здравјето на баба и дедо- Вера Мештеровиќ со децата ужива во убавините на Охрид

Поранешната мис на Македонија, Вера Мештеровиќ блесна на јубилејното издание на Охридско лето. За прв пат го водеше фестивалот и беше облечена во елегантен фустан во креација на Елена Лука. Годинава се реши да ги спои задоволството и работата, па ангажманот со Охрридско лето го спои со одмор во Охрид заедно со децата Андреј и Јована.

 

-За прв пат го водам Охридско лето и лани го водев Виенскиот бал. Ова навистина ми е инспирација и лична сатисфакција, чест и задоволство ми беше да бидам од јубилејното издание на Охридско лето. Бев облечена во креацција на Елена Лука, пробавме повеќе комбинации, но оваа креација беше потеатрална, со тантелите беше разиграно, фустанот имаше бисерни додатоци и нежна боја. Сепак е јубилеј и требаше да изгледа така, ни рече Вера.

Со оглед на состојбата таа летово одлучи  одморот да го помине во Охрид заедно со децата. Тука имаат стан и наоѓаат многу начини за забава.

-Оваа година границите се затворени и сме во Охрид и  убаво ни е. Јас си го сакам Охрид а така ги научив о децата. Но, внимаваме да не одиме во гужви, да носиме маски и да се грижиме за здравјето, и нашето и на моите родители. Одиме на плажа во Љубаниште, се бањаме на Канео, се шетаме. Андреј (11) и Јована(8) ги носев  на водениот музеј, се шетаме низ чаршија кога нема гужва и  секаде кај што ќе ни биде убаво,  не ни е досадно. И секако читаме лектири,  ги научив читањето книги да им биде задоволство а не обврска, вели таа.

Многу од родителите се пожалија дека не знаат што да им прават на децата, но и дека не можат да ги научат да носат маски. Вера вели дека ги научила децата дека треба да се носат маски и дека треба да се грижат за здравјето на дедо и баба.

-Извегнуваме гужво,носиме маски,  децата веќе  знаат дека така треба и не прават проблеми.  Родителите ми се повозрасни и мора да бидеме свесни и одговорни. Па и гостите на Охридско лето зад сцена носеа постојано маски, а кога излегуваа на сцена ги тргаа. Сите ги почитуваа протоколите.  Андреј и Јована научија дека тоа е наша нова реалност и дека мора така да биде, дека мора новите правила да ги почитуваме.  Додека трае ќе трпиме, штом станува збор за здрвјето, ништо не е тешко, вели Вера и додава:

„Немам време за љубов, си ги имам децата, тие ми ја пополнуваат целата љубов. Приоритет ми се деца и работа. Јас не сум се откажала од љубовта. Доколку нешто дојде- добредојде. Има време за се, односно се во свое време и на свое место“.