Турчинки постари од 100 години ја откриваат тајната на долговечноста
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/6/20 8:41 AM

Турчинки постари од 100 години ја откриваат тајната на долговечноста

Во Рејханли, во Хатај, жени на возраст од 100 години ја откриваат тајната на долговечниот живот. Сметаат дека за нивните животи подолги и од сто години првенствено многу бил многу важен начинот на живот, кој го поминале во природно опкружување, далеку од стресот, градската врева и бучава, пренесува „Анадолија“.

Исто така, благодарност за долговечниот живот припишуваат и на редовното и уредно спиење и движење.

И покрај „тешкиот товар”, кој го имаа во својт живот, овие стогодишни жени со насмевка на лицето се присетуваат на старите денови им даваат совети на младите генерации.

Поврзувајќи ја тајната на здравиот и долгиот живот со храна, движење, спиење и активностите, стогодишните жени преферираат да бидат заедно со своите деца и внуци.

Сидика Оздемир, родена во 1918 година, има 23 внучиња. Како што рече, ѝ се исполнила секоја желба во животот.

Како што наведе, во животот голема поддршка за неа бил нејзиниот татко, кој внимавал на неа уште од детството.

„Таткото внимаваше здраво да се храниме. Здравиот живот го должам на здравата исхрана. Јадев доста мед, слатко од сливи и продолжувам да јадам. Клањам, одев на аџилак и секогаш м усе заблагодарувам на Бога”, раскажа Оздемир која сеуште ја служи добро здравјето.

Земзем Сур е родена во сирискиот Африн. Има 106 години, а без сопругот останала пред 30 години.

„Имав осум браќа. Родена сум во Африн. Со татко ми дојдов во Рејханли како гостин. И веќе таму не се вративме. Тука се омажив. Имам 75 внучиња”, појасни Сур.

Како што рече, секое утро појадува во 06 часот.

„Во Рејханли дојдов со 18 години. Рано станувам и правам појадок. Секојдневно пешачам најмалку еден километар. Пијам млеко, јогурт, а јадам и путер и овошје. Фала му на Бога, немам потешкотии. Многу е убаво да се живее со своите деца”, раскажа Сур.

Нејзиниот син Ахмет (58) е среќен што мајката е уште со нив.

Мерјем Каја со своите 108 години има 60 внучиња. Како што рече, здравјето ја служи добро.

Со семејството и во добро здравје живеат и две жени на возраст од 102 години, Вадфа Ири и Шерифе Ердоган.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7