ММС

Објавено на: 08/6/20 7:44 AM

Хирошима одбележа 75 години од атомската бомба

Огромната камбана одекна денеска во Хирошима на 75-годишнината од првиот напад во светската историја со атомска бомба, во кој загинаа 140.000 луѓе.

И покрај епидемијата на кронавирусот, градските власти на јапонскиот град одлучија да се одржи комеморација во Меморијалниот парк на мирот, но под строги мерки на заштита и со ограничен број луѓе.

„На 6 август 1945 една атомска бомба го уништи нашиот град. Тогаш се зборуваше дека овде повеќе ништо нема да расте во следните 75 години, но,сепак, Хирошима закрепна и стана симбол на мирот“, рече градоначалникоѕ Казуми Мацуи.

Американскиот бомбардер „Б-29“, ја фрли атомската бомба на Хирошима на 6 август 1945 година во 8.15 часот. Три дена подоцна атомска бомба падна и врз Нагасаки. Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1