Депресијата се манифестира и преку физичка болка: Дознајте како да ја препознаете
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/5/20 9:58 PM

Депресијата се манифестира и преку физичка болка: Дознајте како да ја препознаете

Депресијата претставува состојба што создава душевна болка. Повеќето луѓе оваа болка ја поврзуваат со тага, плачење, безнадежност и апатија. И покрај ова, бројни се доказите кои покажуваат дека депресијата може да се манифестира и преку физичка болка. Физичките болки, според експертите, не треба да се игнорираат. Тие покажуваат дека депресијата може да биде многу штетна за целокупното здравје. Во продолжение прочитајте кои се најчестите физички симптоми на депресијата, кои не треба да ги занемарите.

Недостиг на енергија

Уморот најчесто се поврзува со стресот, но тој е голем индикатор за депресија. Она што уморот кој е поврзан со депресија, го прави поразличен од обичниот умор, е фактот дека тој доаѓа со стрес, апатија и раздразливост. Луѓето што патат од депресија често се чувствуваат уморно, макар и да спијат доволно, но имаат и чувство дека не се способни за да ги завршат своите секојдневни обврски.

Мала толеранција на болка

Луѓето што патат од депресија често чувствуваат болка и „горење“ во телото без никаква физичка причина за истите. Болката и депресијата коегзистираат, а таа болка често се јавува во долниот дел на грбот.

Главоболка

Главоболката која е поврзна со депресијата, се разликува од обичната главоболка. Пациентите ја опиуваат како блага болка што најчесто се јавува над веѓите. Ваквите главоболки се проследени со чувство на тага или раздразливост, но и помалку енергија.

Проблеми со очите и видот

Истражувањата од 2010 година покажале дека депресијата може многу да влијае на видот. Осумдесет проценти од испитаниците имале проблем со разликувањето на белата и црната боја.

Болки во абдоменот

Истражувањата направени на Харвард потврдуваат дека депресијата може да предизвика болки во абдоменот. Тагата и анксиозноста кај депресивните луѓе често се проследени со дијареа. Болката е уште еден начин на кој мозокот комуницира со нас и тоа не треба да се игнорира. Затоа, ако почувствувате некоја од овие болки и прблемите, обратете се кај соодветен специјалист.

 

Извор:  ljepotaizdravlje.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7