ММС

Силниот ветер откорна кров на зграда во Делчево (видео)

Невреме со силен ветар денеска околу 13 часот го зафати градот Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви, меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот. Во моментот на паѓањето на покривот немаше случајни минувачи и автомобили, освен еден граѓанин кој во тој момент поминувал од спротивната страна спрема зградата каде падна лимениот покрив.

Освен паднатите лимови од кровните конструкции од силниот ветар настрадаа и повеќе кабли поставени на пониските бандери, како и ќерамиди на куќите од повисоките делови на градот.