ММС

Објавено на: 08/5/20 1:55 PM

Три физички напади во Тетово , во едниот со нож нападнат 18 годишник

18 годишник од Тетово бил во паркот во близина на спортскито центар бил нападнат од едно лице со кое претходно се расправал а потоа физички се пресметувал со него и негов пријател.

Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.Полициските службеници од СВР Тетово веднаш го лишиле од слобод напаѓачот кој користел нож. Тој по насоки на Јавен обвинител е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово. По документирање на случајот ќе следува поднесок.

Во Полициското одделение Јегуновце 24 годишник од село Слатино  пријавил дека околу 17.05 часот, додека со неговото патничко возило ,,фолксваген голф”, со тетовски регистарски ознаки, се движел по регионален пат село Радуша – Јегуновце, во кое како сопатник била неговата вереница А.М.(24) од с.Пршовце, поради сообраќајно недоразбирање настанала вербална расправија со лице кое управувало патничко возило „сеат леоне”, со скопски регистарски ознаки, а набрзо пристигнало уште едно патничко возило „голф 6″, со германски национални ознаки, управувано од непознато лице, кое физички го нападнало А.Д. и се обидело да ја нападне и А.М., но било спречено.  Според пријавеното, напаѓачот се упатил до своето  возило да земе оружје, но бил попречен од возачот на возилото „сеат леоне”. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Синоќа во Полициска станица Тетово лицето В.Ј. (31) од  Тетово пријавил дека околу 20:10 часот на ул.„Љубо Божиновски-Пиш” бил физички нападнат од три непознати лица, поради недоразбирање околу паркинг простор. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување  и документирање на случајот.

На регионален пат Тетово – Волковија, кај место викано Барник, влекач „даф”, со скопски регистарски ознаки, со полуприколка, управуван од(58) од Скопје удрил во велосипед управуван од 39 годишник од Гостивар. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот. Тој е пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (04.08./05.08) за неносење заштитни маски на вкупно 45 лицa (ТЕ-21 и ГВ-24) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Во овој период на 119 лицa (ТЕ-82 и ГВ-37) изготвени им се нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 698 лица (ТЕ-346 и ГВ-352) со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.