ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/22/18 1:41 PM

Премиерот Заев очекува поддршка од сите земји на ЕУ а одлуката за референдум да биде заедничка и на власта и на опозицијата

Идната недела очекувам Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ а со чекорите кои ги преземаме ќе ги убедиме сите кои сеуште се резервирани за нејзино проширување,изјави премиерот Заев денес во Крива Паланка на новинарско прашање за почеток на пристапните преговори.Премиерот се надева дека со изнаоѓање на решенија и решавање на идентитетските прашања ниту една земја членка нема да останат рамнодушни на европските манири на земјата.

– Знам дека вчера холандскиот Парламент донесе позитивна одлука за нашата земја. Се надевам дека тоа ќе се случува и во иднина и за Албанија зашто и тие работеа многу како држава, но пред се што се однесува за нашата земја се надевам и Франција и другите земји ако имаат резерва, ќе го направат преломот заради тоа што реформи се прават и во ЕУ, но можат паралелно да се прават додека Македонија преговара за членство. Поглавјата и преговорите ќе траат со години, а унапредувајќи се како држава Македонија може да помогне и во унапредувањето на Европа паралелно терајќи ги преговарачките процеси,изјави Заев.

Тој се осврна и на референдумското прашање,каде според него сите имаат право на дебата и државата заеднички да донесе одлука за тоа,а ќе биде дефинирано и тоа дали референдумот ќе биде обврзувачки или консултативен.

-Она за шпто се согласувам со опозицијата е дека референдумот треба да биде задолжителен и заедно да утврдиме дали ќе  биде консултативен или обврзувачки,од прилчини што сите овие пораки кои во последно време се испраќаат оставаат впечаток дека некој сака да ја блокира Македонија.Зборувам за задолжителен референдум ако сите 50 отсто плус еден граѓанин излезат и го поддржат референдумот,апсолутна должност на секој граѓанин е да ја испочитува одлуката и буквално да се поклони,освен ако е негативна,рече Заев.

Заев  е убеден дека земјата ќе смогне сили и мудрост да застанеме заедно за вакви прашања кога се отвора сјајна перспектива за нас и идните генерации.

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1