ММС

Со чаша вино Пендаровски и сопругата прославија 21 година брак

Преседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета вчера во Охрид прославија 21 година брак. Како покровител на  „Охридско лето“, Пендаровски го отвори фестивалот, но пред да пристигнат во Античкиот театар тие заедно со синот го прославија овој важен датум  од нивната љубов.

-Да, денес е 21 година од нашиот брак. Пред да дојдеме во Антички театар сите троица, заедно со синот наздравивме со чаша бело вино, ни рече првата дама.

Таа во Антички пристигна со дизајниран фустан, кој со маската беше во иста боја. Но, потоа ја смени и фестивалот го проследи со маската за еднократна употреба, која по протокол се делеше на влез.

-Фустанот е дизајн е на мојата пријателка Лидија Георгиева, а жената што го шиеше  ја направи и маската.  Бидејки беше жешко, со истата маска не можев да издржам до крај, се навлажни и не можев да дишам. Затоа ја сменив.

Весна Миленковска