ММС

Колкава му е темпертурата на министерот? Филипче пристигна во Антички театар

Во друштво на поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за здравство Венко Филипче вечерва пристигна на Антички театар за да го проследи свеченото отворање на фестивалот „Охридско Лето“. Според протоколот како на сите, така и нему му беше измерена температура.

Апаратот за мерење покажа дека Филипче има  36 температура, значи беше безбеден, па заедно во друштво министерката Ангеловска го проследија фестивалот.

На самиот влез покрај мерењето температуа, гостите  мораа да си ги дезинфицираат рацете. Сите гости пристигнаа со маски, но на влез им се делеа и маски за една употреба. Се беше согласно препораките поради пандемијата со коронавирусот.

Ова е шеесетто издание на Охридско лето, а почна со концерт посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ.