ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/4/20 11:29 AM

Грција го доби својот прв подводен музеј: Сакис Рувас ја имаше честа да пресече лента на длабочина од 25 метри

Бродот кој во добата на грчката антика потонал кај еден ненаселен остров во близина на егејскиот остров Алонизор стана прв подводен музеј во Грција, под површината на морето се одржала и несекојдневна церемонија на самото отворање.


Со нуркање на длабочина од 25 метри, вчера свечено беше пресечна лентата од страна на градоначалникот на областа Тесалија, Костас Агорастос и популарниот грчки пејач Сакис Рувас, а во друг брод била министерката на Грција Лина Мендони, со што љубопитноста била поголема кај набљудувачите кои се наоѓале на многубројни приватни јахти и рибарски бродови.

Археолозите сметаат дека големиот антички брод, кој превезувал повеќе илјади амофи со вино, на тоа место околу 425 година пред новата ера потонал како последица на невреме.


Во придружба на специјални нуркачи ќе бидат овозможени посети на овој подводен музеј во период од 3 ти август кога беше и впрочем отворањето до 2 ри октомври, а оние кои не се заинтересирани за нуркање ќе имаат можност да погледнат виртуелна прошетка во информациониот центар на Алонизос, наведува агенцијата АНА.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7