ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/4/20 9:46 AM

Најстарата жена во Белгија почина во 112. година

Мариета Буверн, која ја носи титулата „најстара личност во Белгија“, почина на 111 години, пренесува Анадолија (АА).

Според информациите на локалните медиуми, Буверн, која е родена на 25 декември 1908 година и последните години ги поминала во старечки дом во Гент, починала од причини поврзани со нејзината возраст.

Во изјавата дадена од старечкиот дом се нагласува: „Напредната возраст за Мариета Буверн не преставуваше благослов. Таа не сметаше дека долгиот век на живеење е еден вид на подарок за нејзе. Тоа го повторуваше на секој нејзин роденден.“

„За Мариета Буверн, нејзината напредна возраст не беше благослов. Таа не сметаше дека живеењето толку долго е подарок што ѝ беше даден. беше дадена изјава

Буверн се омажила во 1932 година, а по смртта на нејзиниот сопруг во 1960 година, таа повторно не вклегла во друг брак.

Буверн немала деца и долги години работела како секретарка кај еден нотар. Таа до својата 95 години живеела сама во стан, а потоа е преселена во дом за старци.

Најстарата Белгијанка немала живи роднини, а од нејзе останал само канаринец по име „Чико“.

Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата личност која моментно живее во светот е Јапонка, по име Кане Танака, на возраст од 117 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1