ММС

Екс-шпанскиот крал ја напушта Шпанија, ќе живеел во друга земја

Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос I (82) изјави дека ја напушта Шпанија и ќе живее во друга земја поради финансискиот скандал во кој се најде. Писмо од Хуан Карлос до неговиот син, кралот Фелипе VI, беше објавено на веб-страницата на шпанското кралско семејство. Откако Врховниот суд на Шпанија годинава ја отвори истрагата, шпанските медиуми објавуваат сведочења од посебната истрага во Швајцарија, за милиони евра што Хуан Карлос наводно му ги дал на починатиот крал на Саудиска Арабија, Абдула.

Екс-кралот е заслужен за обновата на демократијата во Шпанија по смртта на фашистичкoт диктатор Франциско Франко во 1975 година. Абдицираше во корист на својот син пред шест години, по скандалите што ги одбележаа последните години од неговото владеење.

Клучни зборови: екс-кралот си оди, хуан карлос, шпанија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.