ММС

Објавено на: 08/3/20 9:33 AM

По повод Илинден тетовските планинарски клубови со мали тури на Шар Планина

Дел од тетовските планинарски клубови организираа мали празнични илинденски тури до врвовите на Шар Планина. Освојувањето на врвовите од страна на помал број на планинари е согласно правилникот на планинарската федерација за превенција на ширење на Ковид-19, без јавни повици.

-Илинденска екскурзија ние организиравме до највисоката точка на Шар Планина, Титов врв, на 2747 метри надморска височина и мини источна трансверзала на масивот во текот на вчерашниот празничен ден, информираа од планинарскиот клуб „Аргентус Монт” од Тетово.

На врвот Љуботен на 2498 метри надморска висина се искачија неколкумина членови на планинарскиот клуб „Јелак”. Членови на планинарскиот клуб „Љуботен” беа на планинарски марш до месноста Лешница.

Планинарскиот клуб „Тетекс” немаше организирано настан со оглед дека изминатата недела на 30 јули почина почесниот претседател Цветан Новаковски.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.