ММС

Десет нови позитивни на Ковид 19 во Тиквешијата

Осум нови позитивни во Кавадарци и двајца во Неготино се дијагностирани денеска, потврдија од ЦЈЗ Кавадарци. Инфицираните се од различни возрасни групи, од 17 до 63 години.

„Сите нови позитивни се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Дел се контакти на веќе позитивни, а дел не знаеле како се инфицирале“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Тој уште еднаш упатува апел за почитување на мерките за заштита, како би се намалил  бројот на нови позитивни.

Во моментов активни се 52 случаи во Кавадарци.

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.