ММС

За Нова Година посака да оздраве- Малиот Ајан ја победи болеста, заѕвоне на ѕвончето и си замина среќен

Нема поголема среќа кога некој ќе оздрави, осбено ако станува збор за детенце. Ваква среќна вест денес сподели минситерот за здравство, Венко Филипче, за малиот Ајан, кој ја победи болеста и си замина среќен дома.. Ѕвончето за среќа заѕвони на Клиниката за детски болести.

-Ајан за Нова Година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас, напиша министерот и го сподели видеото со малиот Ајан.

Ајан оздраве и победи, сега ништо нема да го сопре!

Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! <3 Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас!*Видеото е одобрено од родител.

Gepostet von Венко Филипче am Sonntag, 2. August 2020