ММС

Маска ќе ставам кога ќе снема корупција во државава, се закани претседателот на Мексико

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор изјави денеска дека ќе носи заштитна маска само кога целосно ќе се искорени корупцијата во земјата.

„Знаете кога ќе ставам маска? Кога ќе снема корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам“, рече Обрадор на прес-конференција, бидејќи неговата земја се проби на третото место во светот по број на смртни случаи од Ковид-19, јави Би-Би-Си.

Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем, аи таа земја на најновата листа на организацијата  Transparency International  е 130-та земја во сетот според индексот на корупција.

Обрадор, кој е скептичен во врска со носењето маски, е мета на критики поради одговорот на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел мерките за затворање доцна, а потоа нагло ги укинал.

Извор: alo.rs