ММС

На кои места најмногу може да се заразиме од корона

Коронавирусот најчесто се среќава на суви и ладни места, така што повеќето вируси се акумулираат врз предметите во маркетите, аеродромите, канцеларии, трговски центри.., велат експертите.

Истражувачите забележале дека во моментов нема научни студии кои потврдуваат случаи на Ковид-19 по контакт со заразени површини, но ризикот од инфекција сè уште останува ако ги допрете лицето, носот или очите откако ќе допрете на површина на која има вирус.

Според Роман Зиновкин, водечки истражувач на лабораторијата за молекуларна биологија Ломоносов на државниот универзитет во Москва, ризикот да се разболат од допирање на една или друга површина е поголем, бидејќи рестриктивните мерки во градовите почнуваат да се олабавуваат. Од друга страна, анализата на Националниот центар за анализа и био-заштитата во Мериленд (САД) покажа дека високата влажност и температурата го забрзуваат процесот на уништување. Така, на температура од 21-24 степени и 80% влажност на летното сонце, периодот на инактивирање на вирусот на површините е две минути.

Така, најопасните во однос на можноста за инфекција, според експертите, се рачките на фрижидерите во продавниците, копчињата на ПОС терминалите, рачките на вратите во затворен простор и копчињата за лифтови во трговски центри и канцелариски згради, како и копчиња за домофон .

Извор: здраве.то

Фото: .politika.rs