ММС

Ноќеска во Крушево полицаец со предупредувачки куршум спречувал тепачка

Ноќеска во Крушево, на Гумење, се степале со крушевчанец неколкумина коњаници од маршот од скопско Лисиче. Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролиралирал во месноста, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К, од една, и скопјаните, од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе.

За да ја спречи посериозен инцидент, полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.