ММС

Кога сака, сака: Австралијка двапати добива милионски суми на лотарија

Повеќето цел живот играат игри на среќа и никогаш не добиваат вредна добивка, а на големи среќници среќата знае да им се насмевне и по двапати. Анонимна Австралијка деновиве освои еден и пол милион долари на лото, но тоа не и’ е првпат да освојува џекпот на лотарија.

Жената рекла дека е одушевена што во последното коло била меѓу десетте добитици на главната премија што ќе и’ донесе нешто помалку од 1,5 милиони долари. Додала дека вторпат за неколку години среќата и’ се насмевнува. Претходниот пат добила „само“ неколку стотици илјади солари.