ММС

Што да очекувате во новата врска? Дознајте од односот на партнерот со неговата мајка

Секој маж дефинира свој однос со мајката. Тоа е првата личност што ја запознал, а таа го обликувала неговиот поглед кон светот. Кога ќе запознаете некој маж со кој сакате да почнете сериозна врска, проверете како изгледа неговиот однос со мајка му. Тоа ќе открие многу за неговата личност, а во најмала рака ќе покаже како ќе се однесува кон вас.

Ја избегнува мајка си

Дали забележавте дека ја избегнува мајка си и тоа не затоа што заборавил, туку затоа што присуството во нејзина близина му предизвика напнатост? Ако тој не може се’ да и’ каже отворено, се работи за човек кој сака да ги задоволи другите, но лично не е самоуверен. Се плаши искрено да и’ признае како се чувствува за да не ја налути или растажи. Сите го знаат како „прекрасен тип“ и  го сакаат, но вистината е дека плива под површината и не сака активно да се вклучи во разноразните настани во неговата заедница. Ако вие сакате често да излегувате, со таков маж нема да се усреќите. Од друга страна, ако претпочитате да останете дома, тогаш тоа е вистинскиот човек за вас. Може да биде пасивно агресивен, но ако се поврзал со вас, тогаш тука и ќе остане. Доколку имате проблеми во врската, очекувајте длабоки разговори и кавги.

Неговата мајка одредува како тој ќе живее

Не може ништо да каже или да направи без „благослов“ од неговата мајка? Тоа е маж кој ќе ве разгали, кој верува дека жените се важни и ги почитува. Секако дека тоа е позитивно, но проблемот настанува тогаш кога ќе сфатите дека во неговиот живот постои само една кралица, а тоа е таа. Тоа значи дека при секоја голема одлука тој ќе ги исполнува нејзините желби. Тој е љубезен маж кој може да биде добар пријател со секого. Посветен е, но неговиот поглед кон вас секогаш ќе го дефинира невидливата сила – мајка му.

Ја мрази својата мајка

Овој тип на маж има голем товар што го носи на своите рамења. Тој е успешен, но сепак е како отровна змија. Внимавајте! Со неговата мајка има тешка и комплицирана врска. Овде или се работи за жена која има низа проблеми, или пак некогаш толку многу го разочарала, што тој не може да помине преку тоа. Доколку сте во врска со ваков маж, ќе мора да ги „абсорбирате“ неговите негативни емоции. Што се однесува до неговиот карактер, тој има привлечна харизма, но во основа е само скршено дете. Ги сака жените до одредена точка, односно се додека тие се однесуваат така како што тој очекува. Шовинистички? Да. Тој се плаши од моќта што една жена би можела да ја има над него. Се жали на својата мајка и бара сочувство при помислата на уништенто детство.

Премногу е зависен од мајка му

Често е со неговата мајка и иако таа не одлучува, тој секако го бара нејзиното мислење. Тоа го прави до таа мера да ги споделува со неа и најинтимните детали од секоја своја врска. Тој многу ги почитува жените, но не може сам да донесува одлуки и е незрел. На ваквиот маж му е потребна силна жена во животот бидејќи тој е зависен од другите.

Неговата мајка му е најдобра пријателка

Ако е пријател со својата мајка, а сепак може без страв да и’ каже ако е вознемирен од неа, се работи за самоуверен маж. Тој жените не ги доживува како закана. Ужива во романтиката, но тоа не би бил добар партнер за вас ако вие сте пасивна или несамоуверена личност. Овој тип маж има и многу пријателки, па тоа може да предизвика љубомора, но кога конечно ќе се врзе за некоја девојка, врската ја сфаќа многу сериозно.

 

Извор: ljepotaizdravlje.hr