ММС

ОФИЦИЈАЛНО: Виктор Осимен е новото засилување на Наполи

Дваесет и едногодишниот фудбалер на француски Лил, Виктор Осимен, од денес и официјално е нов играч на Наполи.

Нигерискиот напаѓач потпиша петгодишен договор со неаполците, кој ќе го остави во тимот на Гатузо до 2025 година, а на Лил ќе му донесе 50 милиони евра плус бонуси.

Осимен позади себе имаше одлична сезона, постигнувајќи 13 голови во 27 натпревари за Лил во француската лига. Но, вистинските квалитети на Осимен се состојат во неговата брзина, можност за игра со висок пресинг на навалната линија, цврстина и версатилност во постигнувањето на голови.

-Одвај чекам да го облечам овој легендарен дрес, ви благодарам на сите за топлото добредојде, изјави Осимен.

Тој кариерата ја започнува во Волфсбург од каде што веднаш е испратен на позајмица во белгиската лига во дресот на Шарлоа. Подоцна Шарлоа ја активира опцијата за негов перманентен трансфер,  а следната сезонаго продава во Лил.

Осимен, добрите игри од клупско ниво ги преточи и во нигериската репрезентација. На девет појавувања постигна четири голови.

Заминувањето на Аркадиуш Милик во Јувентус е се поизвесно, а Осимен е доведен како негова директна замена во нападот на тимот од „Сан Паоло“.